Соопштение/прес
PDF Печати Е-пошта

22.РОДЕНДЕН НА ВМРО-ДП

 22 ГОДИНИ ПОЛИТИЧКА СОВЕСТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !
 22 ГОДИНИ НА БРАНИКОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ !
 

ВМРО-ДП која е регистрирана на 4 фебруари 1991 година, и е една од најстарите политички партии на македонската политичка сцена денес го прославува својот 22. роденден.

Го одбележуваме својот 22-ри роденден  во околности кога нашето опкружување настојува Македонија од факт повторно да ја отвори како прашање, кога државата одвнатре се разградува од агресивното нелојално албанско малцинство, и кога енормната невработеност која е последица од криминалната приватизација го доведе нашиот народ во длабока социјална беда, заради што се разорува и основната клетка на нашето национално постоење – семејството.

Ние во ВМРО-ДП длабоко сочувствуваме со нашиот народ, впрочем нашето членство и нашите симпатизери се токму тој дел од македонскиот народ – жртвите на тешката транзиција која никако да заврши.
Во изминативе 22 години од своето постоење ја докажавме својата релевантност, значајно влијаевме врз македонската политика, и во оваа прилика потсетуваме само на дел од позначајните идеи кои беа прифатени, или ќе мораат да бидат прифатени, а се фундаментални и имаат свое стратешко значење за иднината на Македонија.

Повеќе...
 
PDF Печати Е-пошта

РАМКОВНИОТ ДОГОВОР НЕ ПОСТОИ !

/ Ставот е промовиран од претседателот на Партијата на дебатата “Демитологизација на 2001“, организирана од Фондацијата Отворено општество на 20-21 јануари 2010 година, но овој став е цензуриран и не и е емитуван на јавноста, заради што од страна на ВМРО-ДП потоа е изнесен на партиските промоции на локалните тв медиуми во државата /  

  • Рамковниот договор не е мировен, тој е политички договор, него го потпишаа легални политички партии, а не завојувани страни !
  • Република Македонија не е потписник, ниту пак тоа е ОНА. Следствено, Македонија не беше поразена војнички, таа само под притисок на делови од меѓународната заедница претрпе колатерална штета во контекст на регионалните и глобалните случувања.
  • Рамковниот договор не постои, затоа што како политичкиот договор е преточен во Уставот, и формално правно престанал да постои.
  • Секое инсистирање, од било која партија потписник, или од било кои други структури внатре или однадвор за нови обврски на Република Македонија, преку негово толкување, е непочитување на Уставот. 

Повеќе...
 
PDF Печати Е-пошта

Кој има интерес да ги промовира глупостите

на Тачи ?

 

И од неговите малоумни закани да прави централно прашање на дневната политика ?

 

Мендух Тачи, гостувајќи на Канал 5 телевизија отворено повика на војна, на прекројување на граници, се закани со нови договори, се закани со агресија од Албанија и Косово, вели ќе паднеле преку ноќ двете граници, дека Македонија нема друга иднина освен да биде двонационална држава, бара вертикална употреба на албанскиот јазик, дводомен парламент.

Пред камерите тој изјави дека не ги сака Македонците, не ја сака Македонија и не и е лојален !

Потоа, експресно од Тирана порача, дека неговата партија и Албанците во Македонија се подготвени да формираат сеалбанска коалициона влада во Република Македонија !?

ВМРО-ДП СМЕТА ДЕКА ТАЧИ МОРА ПРЕД ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ ДА ГИ ОБЈАСНИ ПОВИЦИТЕ ЗА ВОЈНА И ЗА РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА !

Повеќе...
 
PDF Печати Е-пошта

Фуере и Фреден да престанат да го навредуваат македонскиот народ !

     ВМРО-ДП бара МНР на РМ да упати најостар протест до шведскиот амбасадор во Скопје, Ларс Фреден и евроамбасадорот Ерван Фуере,  за нивното непристојно однесување кое излегува надвор од мандатот  заради кои се во Македонија.

     Македонија е суверена држава, таа не е протекторат, па затоа тие не можат да се однесуваат како администратори и вчудоневидувачки арогантно во континуитет да вршат притисок да попуштиме на ирационалните барања за промена на нашето име, заканувајќи се притоа со перспективите на Македонија во евроатланстките интеграции.

     Ако евроатланстките интеграции водат кон состојби за Македонија кои би можеле да ги претпоставиме според менталниот склоп на спомнативе господа дипломати, тогаш треба да се запрашаме какви ли барања ќе ни испорачаат тогаш кога ќе ги прифатиме институционалните механизми, на структурите каде сакаме да пристапиме.

Повеќе...
 
PDF Печати Е-пошта

ДА СЕ ЗАБРАНАТ НАЈАВЕНИТЕ ПРОТЕСТИ НА НДУ

     ВМРО-ДП го предупредува МВР дека не смее да ги одобри најавените протести од Националната демократска унија затоа што оваа партија отворено најави палење на македонското знаме пред Владата во Скопје.

     ВМРО-ДП бара надлежните институции да постапат согласно своите Уставни и законски надлежности, меѓу кои се подразбира Јавното обвинителство на РМ согласно Законот за политички партии да поведе постапка за бришење на оваа партија од Регистерот на политичките партии, а согласно КЗ на РМ   соодветна постапка против претседателот на НДУ заради насилно уривање на Уставниот поредок и потикнување на
меѓуетничка нетрпеливост.

 

 
PDF Печати Е-пошта

ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ПОВОД ЗА ЕДНА ДЕМИСТИФИКАЦИЈА 

 

 

         Имено познато е кој е автор на референдумското прашање, но нели е чудно што никој овие 18 години не слушна кој е предлагачот на Референдумот!         

         Доколку тоа беше некој од старо - новите политички моќници, или една од двете партии,  сигурно ова прашање немаше да остане без одговор скоро две децении.Не дека некои медиуми немаа такво сознание, но откривањето на оваа вистина не беше во склад со монструозниот политички инженеринг, со кој се интервенираше врз спонтаните политички процеси, па во политиката се маргинализираа сите оние кои не им припаѓаа на двете најголеми политички структури, на СДСМ и на нејзиниот посакуван политички противник ВМРО-ДПМНЕ.

         По изминати 18 години на јавноста и соопштуваме дека Референдумот со кој Република Македонија се осамостои беше по предлог на ВМРО-ДП.

Повеќе...
 
PDF Печати Е-пошта

На Македонија не и е потребна привидна стабилност на централната власт

   ->>>   Власта да ги ослободи “Комитите“ !

         ВМРО-ДП ја предупредува Владата  да не потклекнува под притисоците и уцените на ДУИ, ДПА и Нова демократија, па заради лажен мир и привидна стабилност на централната власт,  да ги прогласува како виновни за  организираниот, со умисла, инцидент на мостот “Обединети нации“, младите Македонци-“Комити“ кои се жртви на добро осмислена провокација.         

         ВМРО-ДП  бара институциите на системот да ги санкционираат лицата кои ја блокирале сообраќајницата Партизански Одреди со контејнери и атакувале на животите на спортските навивачи со секири, ножеви и метални и дрвени прачки, а за што постојат видео записи кои јавноста веќе ги виде.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL