PDF Печати Е-пошта

ДРЖАВНИОТ ВРВ ДА ГО КАЖЕ СВОЈОТ СТАВ ЗА ИЗЈАВАТА НА АХМЕТИ !

ВМРО-ДП бара од претседателот на државата и од премиерот на РМ, да му го соопштат својот став на македонскиот народ во однос на изјавата на Али Ахмети, дадена за време на прославата на десетгодишнината од првото појавување на македонската политичка сцена на партијата Демократска унија за интеграција.

Затоа што тој, повикувајќи се на крвта со која бил покриен патот кој ДУИ го гради денес, и во последните десет години, во изјавата со екстремен говор на меѓуетничка омраза исцрта карта на некоја нова географска творба од Куманово до Дебар, и која во Брисел ќе ги соединела сите Албанци, дека таа крв на која се повикува дури на 7 патти, се вее во нивното знаме од Липково до Струга !?

ВМРО-ДП оваа изјава ја оценува како загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет, со која имплицитно се повикува на редефинирање на унитарниот карактер и уривање на Уставниот поредок на Република Македонија.

Дали лидерите на македонските политички партии се спремни да го повредат чувството за национално достоинство на сопствениот народ, и да ја прифатат најавената покана од Демократска унија за интеграција, за 12 јуни за пошироко одбележување на десетгодишнината од своето појавување на македонската политичка сцена.

ВМРО-ДП истовремено јавно ги прашува медиумите, зошто, со чесен исклучок, едни изјавата ја објавуваа на своите сајтови, па ја повлекуваа, а другите целосно ја премолчаа ??? 

ЗАШТО ОВАА ИЗЈАВА НА АХМЕТИ СЕ КРИЕ ОД МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ ?

Кои мрачни сили одлучуваат за нашата судбина ?