PDF Печати Е-пошта

22.РОДЕНДЕН НА ВМРО-ДП

 22 ГОДИНИ ПОЛИТИЧКА СОВЕСТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !
 22 ГОДИНИ НА БРАНИКОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ !
 

ВМРО-ДП која е регистрирана на 4 фебруари 1991 година, и е една од најстарите политички партии на македонската политичка сцена денес го прославува својот 22. роденден.

Го одбележуваме својот 22-ри роденден  во околности кога нашето опкружување настојува Македонија од факт повторно да ја отвори како прашање, кога државата одвнатре се разградува од агресивното нелојално албанско малцинство, и кога енормната невработеност која е последица од криминалната приватизација го доведе нашиот народ во длабока социјална беда, заради што се разорува и основната клетка на нашето национално постоење – семејството.

Ние во ВМРО-ДП длабоко сочувствуваме со нашиот народ, впрочем нашето членство и нашите симпатизери се токму тој дел од македонскиот народ – жртвите на тешката транзиција која никако да заврши.
Во изминативе 22 години од своето постоење ја докажавме својата релевантност, значајно влијаевме врз македонската политика, и во оваа прилика потсетуваме само на дел од позначајните идеи кои беа прифатени, или ќе мораат да бидат прифатени, а се фундаментални и имаат свое стратешко значење за иднината на Македонија.

Да потсетиме, ВМРО-ДП го предложи Референдумот за осамостојување во 1991 година, наспроти првично договорената еднострана Декларација за независност меѓу СКМ-ПДП и ВМРО-ДПМНЕ. А без Референдумот, доколку останеше едностраната Декларација за независност неспорно дека и во Македонија ќе влезеа тенковите на ЈНА како во Словенија, Хрватска и Босна.

ВМРО-ДП е партијата која побара од Парламентот, Македонија да се прогласи за сукцесор во распаѓањето на поранешна СФРЈ, кога сите други “заборавија“ на тоа, со што Македонија формално правно стана сукцесор и се стекна со право на наследство на дел од имотот и парите од поранешната СФРЈ.


Први, и засега како партија единствени  побаравме преговорите за името со Грција да прекинат, притоа побаравме и остануваме на таа опција, политичкиот пристап да го промениме во правен пристап во ООН. Во таа смисла издадовме и стратегија публикувана во трите најголеми пишани медиуми – Стратегија за одбрана на уставното име на РМ.

ВМРО-ДП СМЕТА ДЕКА ГРЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ СТРАНА ВО СПОРОТ КОЈ НИ ГО НАМЕТНУВА ЗА НАШЕТО ИМЕ ! МАКЕДОНИЈА ИМА СПОР СО ООН КОЈА ПРИ НАШИОТ ПРИЕМ ВО СВЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НИ НАМЕТНА ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА КОИ УШТЕ ВО 1948 ГОДИНА МЕЃУНАРОДНИОТ СУД ВО ХАГ ДОНЕЛ ПРЕСУДА ДЕКА СЕ НЕЛЕГАЛНИ !

На Владата и предложивме решенија кои ќе не извлечеа од дефанзивната позиција, како на пример таа од меѓународната заедница да побара решение според “Ирскиот“ модел според кој слободниот дел од Ирска е Република Ирска, а окупираниот Северна Ирска, односно ние да се нарекуваме Република Македонија, а Грција,  Беломорска Македонија, која сега е во нејзините граници, да ја нарекува Јужна Македонија. Потоа по примерот со Кипар, Владата да побара меѓународната заедница и нас да ни дозволи право да не се согласуваме во спорот со Грција, бидејќи прашањето за името, кое всушност е прашање за нашиот идентитет е од највисок национален интерес за кое нема никој мандат да разговара и преговара.

Со нашето барање Викторија Нуланд да биде прогласена за “персона нон грата“ извршивме притисок САД да ја отстрани како грчки лобист од американскиот тим кој се обиде да посредува во спорот за името со Грција.

Познати се и нашите ставови за одделни аспекти од меѓуетничките односи во државата. Ние сеуште сме единствена партија која излезе со ставот, дека Рамковниот договор не постои, затоа што тој не е “мировен“ договор. Истиот под силен непринципиелен притисок од меѓународната заедница го потшишаа 4 легални политички партии, а не завојувани страни. Затоа тој не произведува никакви обврски за Република Македонија.
Го оспоривме и легитимитетот на т.н. меѓународни “олеснувачи“, и предупредивме дека тие немаат формален легитимитет туку се дел од мрачните сценарија мотивирани од интересите на “големите“ држави, како дел од антимакедонскиот заговор.

Сеуште сме сами во ставот, дека секое инсистирање на некакви нови отстапки од република Македонија во сферата на меѓуетничките односи со нови толкувања на т.н. Рамковен договор претставува грубо непочитување на Уставот, и чин на национално велепредавство кој треба да се санкционира според кривичниот законик на Република Македонија.

ВМРО-ДП ја предупредуваше Владата и на ретроградните процеси во врска со пописот кој требаше да се спроведе !
За жал нашите предвидувања се остварија и партиите на албанското малцинство веќе отворено демонстрираа консензус во барањата за нови отстапки. Тие бараат промена на методологија на пописот, со истовремено барање цензусот од 20%, врз основа на кој и “функционира“ т.н. Рамковен договор, да се намали. Притоа се закануваат, дека доколку бројката од пописот за нивната популација е под 25% нема да го признаат, и дека повторно ќе ја дестабилизираат Македонија и ќе направат албанска држава според стратегијата на “Призренската лига“ !

Во однос на Евро-атлантските интеграции ВМРО-ДП смета дека нашата кандидатура за ЕУ и НАТО треба самите ДА ЈА СТАВИМЕ ВО МИРУВАЊЕ, зашто и двете структури во кои сакаме да се интегрираме се во драматична криза и пред распад. Видовме колку се усреќија новопримените членки, кои дури мораат да се задолжуваат со огромни кредити за солидарно да и помогнат на банкротираната Грција!

А која е цената која т.н. релевантни партии се спремни да ја платат за влегувањето во ЕУ и НАТО ? Не убедуваат да прифатиме “разумен” компромис за промена на името, и тоа кога под уставното име не признаа веќе 134 држави !

ВМРО-ДП се спротивставува на доктрината, “народот” на референдум да се изјасни за “прифатлив” предлог од Грција !? Затоа што за промена на името никој неможе ниту да разговара а камоли да одлучува !

Тие што предлагаат референдум сигурно не е да не знаат, дека во тој “народ” ќе гласаат и Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и други немакедонци !

ВИДОВМЕ КАКО ЗАВРШИ РЕФЕРЕНДУМОТ ПРОТИВ НОВАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА ! 

МАНДАТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НЕМА ДОБИЕНО НИКОЈ ОД НАШИТЕ ПРЕТЦИ И ОД НЕРОДЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ ! 

Нашите идеи и опции се идентични со националната доктрина на македонскиот народ, притоа целосно сме посветени повторно да ја реафирмираме Македонија како НАЦИОНАЛНА ДРЖАВА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, за духовно обединета Македонија на целиот свој етнички простор, за европска Македонија (христијанска), но со јасно определен национален идентитет, за Mакедонија функционална демократска држава со полн институционален капацитет, која на сопствениот народ ќе му овозможи и европски стандард на живеење. 

 Ете, затоа опстојуваме наспроти сите притисоци да згаснеме !

Денес на нејзиниот 22.роденден веруваме, дека сите ВИЕ на кои Македонија ви е искрено во срцето, членовите, симпатизерите и сите Македонци патриоти, искрено посакувате ВМРО-ДП да опстои на политичката сцена, и во иднина да ја претставува политичка совест на македонскиот народ !


МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА, МАКЕДОНИЈА Е НАША!