PDF Печати Е-пошта
Колумна

  Со промена на името ќе сме станеле дел од ЕУ и НАТО, па ќе потечело мед и млеко ... !?

Колку често сме присилени да ја слушаме оваа ноторна лага, според која доколку го смениме името, ќе завршел мачниот период на нашата транзиција, па со влезот во ЕУ и НАТО ќе завршеле сите наши проблеми, а ние среќни и весели ќе живееме во „Северна Македонија“ до крајот на нашите животи ...

ЗAШТО ВАКВИТЕ ТЕЗИ СЕ ЛАГA ?

- Затоа што досега сите вакви сценарија се покажаа како проекти за разградување на Македонија, од оспорување на националниот идентитет до редефинирање на унитарниот карактер на државата.

Прифативме сé под притисок, но каде е светлата иднина која ни ја ветуваа, некои дури и ни ја “гарантираа“ ?

Резултатот од нашето неодговорно компромисерско однесување кон нашите национални интереси е поразителен и ако не се освестиме ЌЕ ЗАВРШИ СО НАШЕ СОПСТВЕНО САМОУКИНУВАЊЕ КАКО НАРОД !

НАШИТЕ ПРЕТЦИ СЕ ПРЕВРТУВААТ ВО ГРОБОВИТЕ!

Со кое право ќе одлучуваме во име на нашите претци, во име на Македонците во светот, во име на неродените Македонци ?
Дури хипотетично, и да го смениме името, ние нема експресно да влеземе во ЕУ. Преговорите би траеле уште најмалку 7 години. Тоа значи дека најмалку толку и уште 3-5 години ќе бидат потребни за евентуалните економски ефекти од фондовите на ЕУ, а гледаме дека предпристапните и пристапните фондови практично веќе не постојат !

А ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ДОТОГАШ ЌЕ ПОСТОИ И ЕУ ?

Ајде да видиме како поминаа некои новопримени членки во ЕУ и НАТО, притоа да не заборавиме дека тие се поорганизирани држави од Македонија.

Ги реши ли своите проблеми на пример, Бугарија ? До кај е таа со  корупцијата, со невработеноста со сиромаштијата ?

Што покажува примерот со Грција ? - Таа финансиски банкротираше и долги години нема да излезе од  тешката економска криза.

Или пак Белгија, која е најконкретен демант на тезата, дека ако Македонија сака да ја задржи својата внатрешна стабилност мора да влезе во ЕУ и НАТО !
Имено Белгија која е во НАТО е пред распад, пред поделба на земјата ? И тоа земјата чиј главен град Брисел е синоним за интегративните европски  вредности !

Значи ако приказните кои ни ги кажуваат лицемерните “пријатели“ имаат сериозна основа, зарем наведениве земји ќе ги имаа тие проблеми ?

Зарем ќе прифатиме една илузија, дека само по себе со интегрирањето во ЕУ и НАТО ќе ги решиме нашите проблеми ?

Зарем на нашите “мудри“ политичари не им е јасно дека за да се остварат позитивните аспекти од евроатлантската интеграција, една држава за да влезе во тоа друштво мора да има определен институционален капацитет, и остварен определен степен на организирано опшетство, во спротивно таму каде не тера предвреме да одиме “опозицијата“, ЌЕ БИДЕМЕ ЗБРИШАНИ И ЕКОНОМСКИ И КАКО НАЦИОНАЛЕН СУБЈЕКТИВИТЕТ !

Вчудоневидува фактот дека нашите “релевантни“ политичари и партии не го идентификуваат актуелниот момент како крајно неповолен за нас, па да подзапреме, да се совземеме од купиштата задачи кои ни ги задаваат, зарем не гледаат, дека со проширувањето, моќните земји во ЕУ ги префрлаат своите проблеми и сиромаштијата од себе врз новопримените членки !

АКО ТОА НЕ САКАМЕ ДА ГО ВИДИМЕ, ТОГАШ ПРИТИСОЦИТЕ ОДНАДВОР НЕ СЕ ОБИД ДА СЕ “УБИЕ“ МАКЕДОНИЈА, ТУКУ СЕ РАБОТИ ЗА НАШЕ “САМОУБИСТВО“ !
 
Македонската политика нема легитимитет да одлучува за името !

Проблемот е уште покомплексен, затоа што таков легитимитет освен ако не станува збор за легитимна одбрана на нашето име, по својата природа е вонвременски, па ниту политиката, ниту  било која генерација на Македонци, каде и да се наоѓаат, може да имаат таков легитимитет !

ВО ТОЈ КОНТЕКСТ ТРАГИЧНО Е ШТО ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИДЕРИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ЗАСЛЕПЕНИ ОД БЕСКРУПУЛОЗНАТА БОРБА ЗА ВЛАСТ И ВОДЕНИ ОД БЕСПРИМЕРЕН ЛИЧЕН ЕГОИЗАМ, НЕ СВАЌААТ, ДЕКА НИВНАТА ПОЛИТИЧКА МИСИЈА Е НЕБУЛОЗНА И ПРЕДАВНИЧКА !

Од таму не е ниту чудно што во народот созрева идејата, дека единствен спас од оваа ситуација е само НИВНАТА ДЕМИСИЈА !

ЗАТОА, ВМРО-ДП Е ВО ПРАВО, КОГА БАРА МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПРЕКИНЕ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО ВО СПОРОТ СО ГРЦИЈА КОИ СЕ ВОДАТ СО ПОСРЕДСТВО ОН, И ВЛАДАТА ДА ПОСТАПИ СПОРЕД ПРЕДЛОЖЕНАТА СТРАТЕГИЈА НА ВМРО-ДП !

Александар Момироски, претседател на ОК Аеродром