PDF Печати Е-пошта

ДА СЕ ЗАБРАНАТ НАЈАВЕНИТЕ ПРОТЕСТИ НА НДУ

     ВМРО-ДП го предупредува МВР дека не смее да ги одобри најавените протести од Националната демократска унија затоа што оваа партија отворено најави палење на македонското знаме пред Владата во Скопје.

     ВМРО-ДП бара надлежните институции да постапат согласно своите Уставни и законски надлежности, меѓу кои се подразбира Јавното обвинителство на РМ согласно Законот за политички партии да поведе постапка за бришење на оваа партија од Регистерот на политичките партии, а согласно КЗ на РМ   соодветна постапка против претседателот на НДУ заради насилно уривање на Уставниот поредок и потикнување на
меѓуетничка нетрпеливост.