PDF Печати Е-пошта

ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ПОВОД ЗА ЕДНА ДЕМИСТИФИКАЦИЈА 

 

 

         Имено познато е кој е автор на референдумското прашање, но нели е чудно што никој овие 18 години не слушна кој е предлагачот на Референдумот!         

         Доколку тоа беше некој од старо - новите политички моќници, или една од двете партии,  сигурно ова прашање немаше да остане без одговор скоро две децении.Не дека некои медиуми немаа такво сознание, но откривањето на оваа вистина не беше во склад со монструозниот политички инженеринг, со кој се интервенираше врз спонтаните политички процеси, па во политиката се маргинализираа сите оние кои не им припаѓаа на двете најголеми политички структури, на СДСМ и на нејзиниот посакуван политички противник ВМРО-ДПМНЕ.

         По изминати 18 години на јавноста и соопштуваме дека Референдумот со кој Република Македонија се осамостои беше по предлог на ВМРО-ДП.

         Имено, двете најголеми партии во почетокот имаа ист став-прогласување на независноста со декларација за независност. На одржаниот состанок со лидерите на сите парламентани партии, пратеникот на ВМРО-ДП и претседател на партијата Владимир Голубовски, ги предупреди присутните меѓу кои и претседателот Глигоров, претседателот на Собранието Андов и другите присутни претставници на парламентаните политички партии, дека меѓународната заедница ќе го признае за легитимно само референдумското изјаснување на македонскиот народ, и дека едностраното прогласување би предизвикало интервенција на тогашната ЈНА слично како во Словенија. Покрај овој предлог претседателот на ВМРО-ДП, Владимир Голубовски во однос на оружјето кое и припаѓаше на тогашната територијална одбрана, а што како прашање исто така беше на дневен ред, бараше Македонија оружјето да го задржи, да не и го предава на ЈНА, и да престане да врши регрутација и испраќање на македонски војници надвор Македонија.

         Во политичката игра и надмудрување, СДСМ на една од следните седници на Собранието без најава го стави прашањето за Референдум на дневен ред, а пратеникот Владимир Голубовски пред седницата преку пратеникот Зоран Крстевски беше информиран дека предлогот му бил прифатен, па од него очекуваат да го подржи и на самата седница.

         ВМРО-ДПМНЕ изненадена од ваквиот расплет, соочена со промене на ставот кај СДСМ по ова прашање, по почетниот отпор сепак преку 7-те пратеници кои СДСМ ги контролираше во нивните редови, предлогот на крај го прифати со акламација. 

         Во кампањата која потоа следеше ВМРО-ДП беше единствената партија која во весникот Нова Македонија на цела страница објави проглас до македонскиот народ, со барање тој позитивно да одговори на референдумското прашање, а во истата функција организираше исто толку трибини и собири со граѓаните колку тоа го направи и тогашната Влада на Македонија.

 

 

         Времето покажа дека нашиот предлог беше исправен на што сме горди.