PDF Печати Е-пошта

На Македонија не и е потребна привидна стабилност на централната власт

   ->>>   Власта да ги ослободи “Комитите“ !

         ВМРО-ДП ја предупредува Владата  да не потклекнува под притисоците и уцените на ДУИ, ДПА и Нова демократија, па заради лажен мир и привидна стабилност на централната власт,  да ги прогласува како виновни за  организираниот, со умисла, инцидент на мостот “Обединети нации“, младите Македонци-“Комити“ кои се жртви на добро осмислена провокација.         

         ВМРО-ДП  бара институциите на системот да ги санкционираат лицата кои ја блокирале сообраќајницата Партизански Одреди со контејнери и атакувале на животите на спортските навивачи со секири, ножеви и метални и дрвени прачки, а за што постојат видео записи кои јавноста веќе ги виде.

         ВМРО-ДП укажува дека овој инцидент се совпаѓа со повикот од Бериша даден деновиве, за спроведување на проектот за национално единство, според кој  сите Албанци треба да живеат во една држава. Тој во изјавата во која го посочи Косово, не ја спомна Македонија, само за да не ги копмромитира најновите барања  на наводно “онеправданото“ албанското малцинство, а  кои  всушност се  дел од овој големоалбански проект. Но инцидентот кој се случи, потврди дека партиите на ова малцинство “пораката“  ја примиле !          

         На ваков начин меѓуетничките односи во Македонија стануваат заложник на овој проект, и  како што веќе се покажа, секои следни случувања на Косово ке се поврзуваат во пакет со националистичките барања на Албанците во Македонија. Доказ дека ваквите активности се интензивираат е серијата консултативни средби кои албанскиот државен врв ги имаше со лидерите на политичките партии на албанското малцинство во Македонија.         

         Од друга страна овој инцидент покажа дека македонските институции не можат да ја обезбедат и гарантираат безбедноста на македонскиот народ во сопствената држава, и дека во тој контекст не функционира правната држава.         

         ВМРО-ДП ги повикува иснтитуциите на системот енергично и бескомпромисно да го штитат правниот поредок, и да ги санкционираат ваквите вандалски, националистички мотивирани испади на граѓани кои припаѓаат на албанското малцинство, затоа што ова е тестирање на македонскиот институционален одбранбен капацитет,  пред порадикалните методи за федерализација на Македонија.