PDF Печати Е-пошта

ДА ПРЕСТАНЕ ПСИХОЛОШКИОТ ТЕРОР ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

       Кои ги плаќа македонските “аналитичари“ да му го перат мозокот на народот ?

         Македонија не смее селективно да се однесува спрема непринципиелните притисоци од нашите соседи, како и спрема зачестените ирационални барања на припадници од нивните малцинства во Македонија.

         Стана практика, медиумите да ги афирмираат антимакедонските барања на албанското малцинство, а потоа да повикуваат за коментар аналитичари со албанско етничко потекло, кои најдрско ги подржуваат ваквите ретроградни барања. Притоа, или отсутствуваат македонски, или се покануваат “аналитичари“ кои се на албанските позиции. Па така коментар најчесто се бара од оние кои учествувале во пишувањето на Рамковниот договор и амандманите за октроираниот Устав, или пак од оние за кои се зборува дека се платени од фондови во Косово.

         Со ваква технологија на перење мозок, секојдневно врз македонскиот народ се врши психолошки терор, со цел да се деморализира и потклекне пред притисоците испланирани според најмрачни антимакедонски сценарија.

         ВМРО-ДП  ваквиот проблем го гледа во фактот што медиумите во Македонија се монополизирани од структури кои припаѓаат на балканското криминално-политичко подземје, и кое во својата концепција за остварување моќ и контрола во регионот, не ја прифаќа реалноста дека Македонија е факт, туку настојува со нејзина дестабилизација да ја држи како отворено прашање, меѓу другото и во даден момент Македонија да послужи како монета за поткусурување.

         ВМРО-ДП најавува, дека во периодот кој доаѓа, проверката на Рамковниот договор преку референдум, и покренувањето на иницијатива за нов попис  со меѓународен мониторинг, ќе ги има  како врвен програмски приоритет.

         ВМРО-ДП и во оваа прилика најостро протестира што нејзините пресови и соопштенија не се пренесуваат на јавноста, и бара медиумите да се отворат за сите легални и легитимни политички партии, зашто без демократија Македонија се осудува да стои на слеп колосек.