PDF Печати Е-пошта
Тачи да се санкционира според КЗ на Република Македонија 

         ВМРО-ДП барањата на Тачи за уставно редефинирање на Македонија, како и најавата дека ќе побара Албанија да стави вето на членството на Македонија во НАТО, ги смета како сериозна индиција дека македонската политика е сериозно болна, а државниот врв неспособен да ги исполнува своите со Уставот и законите утврдени надлежности и обврски.


         Тачи со ваква реторика веќе подолго време директно заговара уривање на уставниот поредок на Македонија, и ја дестабилизира државата ставајќи се отворено во функција на двете трансферзални загрозувања кои деновиве ја достигаат својата кулминација.

         Затоа ВМРО-ДП го повикува Јавното обвинителство, доколку во случајов не постојат со закон предвидени здравствени околности, Тачи да биде санкциониран според КЗ на Република Македонија, а ДПА според Законот за политички партии да биде избришана од регистерот на политичките партии.

         Во случај пак такви околности да постојат, Јавното обвинителство да поднесе кривични пријави против медиумите кои ја злоупотребуваат неговата ментална состојба.