PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ договориле “национално“ единство за “разумна“ промена на името !?
         ВМРО-ДП искажува длабока загриженост заради сериозните индиции кои го потврдуваат сценариото, за кое деновиве се повеќе се зборува, и според кое ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои ја прифатија стратегијата “разумен“ компромис за промена на името, деновиве договориле и како да го амортизираат револтот на народот кога ке биде распишан референдумот за промена на името !
         Според договореното сценарио, СДСМ ке им помогнел со организирање на протести преку своите стари безбедносни структури, со несериозни компромитирани организатори! Двете т.н. најголеми македонски партии, на ваков начин целат со малата излезеност да го деморализираат народот, тој да се помири со предавството !
         Во целава ситуација вчудоневидува дрскоста на ваквото сценарио, бидејќи и двете партии кои го заговараат овој антимакедонски чин, неможе да не знаат, во амбиент на добро организирана полициска држава, уште повеќе, кога и секоја за себе има контрола врз делови на безбедносните структури како и свои параполициски структури, дека македонскиот народ интензивно се самоорганизира со цел да се спротивстави на промената на името,  и се подготвува за повеќедневни протести пред Собранието на Република Македонија, кои ќе започнат автоматски во моментот кога јавно ќе биде соопштено распишувањето на референдумот за промена на името.
         Затоа ВМРО-ДП бара од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да го напуштат авантуристичкото сценарио, да се откажат од предавничката доктрина за “разумен“ компромис, и да ги прекинат разговорите со Грција за името.