PDF Печати Е-пошта

ДА СЕ ЗАБРАНАТ ПАРТИИТЕ КОИ ЗАГОВАРААТ УРИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК  

      ->>>   Груевски со Албанците по стапките на Глигоров        

         Ова е последен момент Владата наместо да води игри, да го брани Уставниот поредок и унитарноста на Република Македонија.

         ВМРО-ДП предупредуваше дека единствено место за политички дијалог е Собранието на Република Македонија, а не некакви клубови, мотели или кафулиња.

         ВМРО-ДП исто така предупредуваше дека е опасно да не се почитува статистичкиот факт, па во тие квази демократски, во основа антимакедонски дијалози, да седнуваат две македонски и две партии на албанското малцинство, што парадоксално деновиве кулминираше со предлогот од премиерот да седнат две македонски и три албански партии ???

         Дури да е проблемот во неговите советници, сепак одговорноста паѓа на премиерот, кој впрочем со контраверзниот “мартовски договор“ недозволиво заигра со највиталните македонски национални интереси, прифаќајќи ги барањата на политичките претставници на албанското малцинство за промена на грбот, химната, знамето, и употребата на албанскиот јазик на целата територија на државата.

         До што доведе ваквиот дилетантизам во водењето на државната политика?

         ДПА се закани дека ќе го напушти парламентот доколку не се донесе Закон за употреба на албанскиот јазик на целата територија на земјата. И Нова демократија како и ДУИ, иако на лидерската средба се согласија да ги поддржат законите од кои зависи датумот за преговори со ЕУ, сега го условуваат изгласувањето со регулирање на употребата на албанскиот јазик. А во амандманите што ги достави Нова демократија се бара претседавачот на пленарните седници да говори на албански јазик, а, исто така, и сите знаци и табли во Собранието и сите материјали да бидат двојазични.

         ВМРО-ДП инсистира Владата итно и категорично да каже дека такви измени не доаѓаат во предвид, ниту денес ниту било кога во иднина, и да ги активира сите институционални механизми, кои секоја суверена држава ги користи кога и е загрозен Уставниот поредок, а надлежниот Суд да ги избрише од регистерот политичките партии кои заговараат такво редефинирање на Република Македонија.

         Владата катастрофално греши што предлага работна група во Собранието која ќе расправа за употреба на албанскиот јазик. Се повторува грешката со името, да се разговара за прашања за кои не се разговара.

         Така почна и Глигоров верувајќи дека со лажни ветувања може да ги оствари своите цели, без да ги загрози националните интереси на македонскиот народ. Сите проблеми со албанското малцинство всушност произлегоа од неговите заблуди, од катастрофално погрешната политика водена по ова прашање по осамостојувањето.

         Бараме ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од оваа идеја, и работната група за јазикот да се распушти.

         ВМРО-ДП инсистира Владата да ги деблокира медиумите за сите политички партии, и да дозволи демократски развој во државата, како основен предуслов македонскиот народ да го развие неопходниот одбранбен капацитет наспроти сите загрозувања.