PDF Печати Е-пошта

Ќе ни ги честитаат двата Илиндена откако ја погребаа Асномска Македонија !?           

->>>    Андов и забива нож во грб на Македонија          

         Деновиве фондацијата институт отворено општестсво-Македонија, како влошка во сите медиуми ја испечати Предлог државната стратегија за решавање на спорот со Република Грција, на пратеникот Стојан Андов.         

         Според ВМРО-ДП ова е Предлог стратегија за национален пораз на македонскиот народ.          

         Перфидноста и умислата на предложената стратегија, покрај другото се содржи и во фактот што се темели врз документи кои однапред ја лимитираат аргументацијата на Македонија во ирационалниот спор наметнат од соседна Грција.

          Кулминација на ваковото национално предавство е во точка 8 во делот “основни насоки”, во која предлагачот прави конструкции и и сервира на Грција “докази”, кои треба да и послужат како на тужена страна пред меѓународниот суд,  дека Македонија не ги исполнува наводните обврски за спречување на непријателска пропаганда кон Грција, бидејќи како што наведува предлагачот, се уште се користи симболот што Македонија го користеше на своето знаме, како и користењето на картата на целата географска територија Македонија !?          

         Па, продолжува, “врз основа на одредбите од привремената Согласност, кои во врска со овие два случаи се јасни, Владата на Република Македонија е должна да го спречи, и да го санкционира нивното користење и да го почитува законот и Уставот.” !?          

         Што подразбира под тоа Андов ? – Дали природното и легитимно право на Македонците да го бранат својот национален идентитет, своите корени и историја, треба да се санкционира, повторно ли ќе се полнат затворите со македонски патриоти ? Чудно што кај него, а и кај сите другите што настапуваат од истата позиција, отсуствува ваков “легалистички” порив кога албанското малцинство во континуитет ги промовира картите на голема Албанија со вклучени делови од територијата на Република Македонија, или кога ова малцинство се залага за бинационална држава, да не зборуваме за албанското знаме кое  се вее насекаде во државата.          

         Се чини дојде време да се отворат некои прашања, а пред се да добиеме одговор за вистинскиот идентитет на оние кои се кријат зад македонските имиња, и кои како експоненти во разни сценарија работат на разградувањето на Македонија, инволвирани во спорот за името со Грција, или кога го охрабруваат албанското малцинство во нивното барање за федерализација на Македонија.          

         ВМРО-ДП предупредува на фактот, дека во функција на антимакедонскиот заговор, Македонија е турната во демократски мрак. Македонскиот народ намерно инстутуционално е потиснат на маргините на општетсвото, и притоа над него се врши невидена медиумска манипулација,  со цел да биде оневозможен да го одбрани својот национален идентитет, и да ја сочува својата матична држава.         

         ВМРО-ДП прашува со кое лице овие од “петтата колона”, кои со умисла ја погребаа Асномска Македонија, и сега не убедуваат да си го смениме и името и идентитетот, ке излезат пред македонскиот народ и ке му ги честитаат двата Илиндена ?