PDF Печати Е-пошта

ПРЕС

/12 јули 2009 година/ 

Грција има проблем со македонскиот идентитет, а Македонија со своите политичари

     ВМРО-ДП најостро го осудува приклучувањето на државниот врв, претседателот на државата и премиерот, како и на ВМРО-ДПМНЕ,  кон ставовите на парламентарната опозиција за “разумен компромис“, па сега заедно вршат притисок врз македонскиот народ да прифати промена на името, и со тоа предизвикуваат уште посилни притисоци однадвор.

     ВМРО-ДП предупредува дека ваквата политика води кон братоубиствена војна, зашто македонскиот народ нема да прифати да се самоукине. Затоа на оние кои се нафатиле да бидат кумови, им порачуваме да се плашат од судот на народот, а не од притисоците однадвор.