PDF Печати Е-пошта

ПРЕС

/5 јули 2009 година/  

 

   

Граѓаните не се “македонскиот народ“ па да одлучуваат на референдум за неговиот идентитет

     ВМРО-ДП И НДМ, во пресрет на посетата на медијаторот Нимиц, поднесоа до претседателот на Собранието Предлог-Стратегија за одбрана на уставното име на државата.

 

     “Предлог-Стратегијата содржи анализа и осмислена тактика како да ја добиеме битката за одбрана на уставното име со конкретни дејствија во постапката пред ОН, заради што во оваа прилика не би зборувале за поединости, се додека Собранието на Македонија не се изјасни евентуално за степен на доверливост.

     Заради запознавање со Предлог стратегијата побаравме средби и со претседателот на Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и лидерот на опозиционата СДСМ Бранко Црвенковски, и нивните одговори ги очекуваме“, рече на денешниот прес Јанко Бачев од НДМ.

     Владимир Голубовски, од ВМРО-ДП, изјави дека “Самитот на НАТО во Букурешт донесе отрезнување од илузиите, кои беа производ на погрешната македонска политика по прашањето за името во наметнатиот спор со Грција, па конечно Собранието донесе Резолуцијата за изнаоѓање на државна стратегија за ова отворено прашање“.

     Меѓутоа, додаде Голубовски, двете најголеми македонски партии кои досега не покажаа способност да се обединат за едно вака важно прашање од највитален национален интерес, и кои постојано го злоупотребуваа во меѓусебната борба за власт, сега се “обединија” и заговараат разумен компромис, ни нудат стратегија за национално предавство.
 
     Ние таква стратегија не прифаќаме, а тоа нема да го прифати ни македонскиот народ.
 
     Ние сметаме, дека никој нема право да преговара, а уште помалку да одлучи за промена на името, тоа право го немаат ни граѓаните на Република Македонија преку референдум, ни кога граѓаните би биле “македонскиот народ”, а не се, нагласи Голубовски.

     Затоа во нашата Предлог стратегија бараме Република Македонија да ги прекине разговорите за компромисно решавање на наметнатиот спор за името, и решението да го побара во постапка пред Обединетите нации.

     Во прилог на ваквата одлука пред се оди фактот што 124 држави членки на ОН не признаа под уставното име, како и фактот дека разговорите предвидени со Резолуцијата 817 по изминати 18 години западнаа во ќорсокак, со што практично на Резолуцијата и “измина“ рокот.

     Не постои било што, што би дало право на оваа генерација Македонци, и посебно пак никако, само на дел кој што живеат во Република Македонија, во името на претходните и идните генерации, да одлучуваат за националното име, заврши Голубовски.

 

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на
05.07.2009 13:40:25