PDF Печати Е-пошта

КОЛУМНА 

Се најавува степенуван радикализам

/ Владимир Голубовски “ВРЕМЕ“ 23 јуни 2009 /

     Секојпат кога се актуелизираат прашања на Косово политичките претставници на албанското малцинство во Македонија се раздвижуваат.
     Нашата теза, промовирана уште во почетокот на 90-тите, дека албанското малцинство еднаш учествува во антимакедонските ретроградни процеси следејќи ја  платформата “сите Албанци во една држава”, и вторпат кога се ставаат во функција на нашето опкружување, се покажува во континуитет како точна.


     На пример излегувањето од Владата на Тачи, претходно најавено како отворена закана од Грција, или амандманското барање за мултиетничка гаранција од Нова Демократија, во сега веќе пропаднатиот документ-стратегија за спорот за името. За северниот сосед и да не зборуваме, тактиката да не инволвираат во процесот на решавање на Косово,  со сите импликации на внатрешната безбедносна ситуација во Македонија. Бугарија одржува стратешки концепт од времето на врховистичкото ВМРО за сојузништвото со Албанците.

     Значи албанското малцинство учествува во разградувањето на Македонија во две димензии, една стратешка која претставува долгорочно испрограмирана цел, и тактичка во која амбиенталниот аспект е доминантен, за да се сервисира амбиент на напнатост, тензии, и контролирани конфронтации.

     Всушност најавата за протести на 23 јуни од група безначајни партии на албанското малцинство, ја има оваа тактичка димензија, да створи и потоа да одржува впечаток дека и Македонија, не само Косово е отворено прашање. Со тоа сакаат повторно да го испровоцираат интересот на меѓународната заедница која е веќе уморна со прашањето Косово, на кое веќе гледа како на локализирано жариште, а не регионално.
 
     Отварањето на прашањето за федерализација на Македонија треба всушност на Косово да му изгради позиција на клучен елемент за регионалната стабилност, односно ја промовираат тезата, или Косово да се затвори како прашање по мерка на планерите на “голема Албанија”, или како прашање ќе се отвари и Македонија, и ќе се дестабилизира целиот регион.
Стратегијата на партиите на Албанците во почетнава фаза се состои во воздржаност на  парламентарните ДУИ, Нова Демократија и ДПА, кои на безбедна дистанца, за да не се компромитираат пред меѓународната заедница, за да во даден препознатлив момент и самите би се вклучиле.
Впрочем таков линк ДПА веќе има, со тоа што и самата го бара истото, само преку барањето нов рамковен договор.

     Ваквиот распоред на партиите е лош знак, затоа што највуваат степенуван радикализам, па ако ДПА тоа го бара посуфистицирано, овие партии предводени од ПДП, тоа ѓе го прават на милитантен начин на улица.

     Затоа институцијата која им дала одобрение за протест, да го повлече и забрани, а против организаторите да поднесе кривични пријави за насилно уривање на Уставниот поредок на Република Македонија.
     Да не се залажуваме, точно дека овие смешковци не изгледаат опасно, но се одбрани баш такви, за да ја потцениме сериозната индиција за еден нов крајно опасен деструктивен процес со кој ќе се соочи Македонија, каков што е барањето за федерализација.