PDF Печати Е-пошта
Граѓанска опција со национален вкус

/ Интервју, “ПУЛС”, 6 август 1993 година, новинар Мирка Велиновска /

 

Владимир Голубовски влезе во македонската политика со појавата на поли­тичкиот плурализам.И тоа на голема врата: како потпретседател на најбројната партија во Парламентот ВМРО-ДПМНЕ (во услови кога претседателот на партијата изгуби на изборите), за нешто потоа да создаде сопствена партија ВМРО-ДП. Национално ориентиран, денес, Владимир Голубовски сака полека да ја пре­насочи својата политичка платформа кон, како што самиот тврди, една граѓанска опција.

ПУЛС: Како што се чини во нашава држава постои големо расположение за избори.Оние ретките кои што се противат, велат дека мо­ментот не е погоден.Како вие го оценуват

Голубовски: Сегашниот момент го карактеризира потребата од дослед­ност и оптимализација на транзицијата, на промените што се прават во Маке­донија.Македонскиот народ не сака ек­стреми, не сака вознемирувања.Нашиот народ тежнее кон една глобална поли­тика, која пртпоставува промена на од­носите, но е свесен дека таа промена оди бавно и недоследно, истовремено е разочаран од политичките партии што отстапија од своите програми.

ПУЛС: Во тој случај, кој би бил денешниот резултат од партиските ветувања?

Голубовски: Од една страна де­магошко додворување на изгладнетиот, социјално и економски депресиран гла­сач, во очекување дека социјалната тензија ќе биде основата на која ќе се добие подршка на наредните избори.При тоа не се бираат средствата и соци­јалните слоеви на кои им се дава “подршка”, повторно доминантни сред­ства на политичките сили стануваат де­магогијата и разните форми на притисок.

Од друга страна блокирано стопанство, страв за деловна иницијати­ва, ишчекување, енормно зголемување на корупцијата во државните органи кои стануваат аниматор на стопанскиот живот, социјална беда, низок степен на реалното остварување на човековите слободи и права, или накусо од­далечување од граѓанското демократско општество.Тежиштето е поместено од граѓаните како актери во граѓанското општество кон силната автократска из­вршна власт и невидливите центри на политичка моќ.

ПУЛС: Кои се основните причини за оваа состојба?

Голубовски: Основната причина е колебањето да се продолжи со започнатите реформски промени во стопанскиот систем, да се забрза паз­арната ориентација, либерализацијата во стопанскиот живот со што ќе се воспостават новите економски односи на граѓанското општество.Секако и реал­ната неформална моќ на Владата и управата која во основа е негативна, бидејки го блокира процесот на спонта­ните процеси, без кои нема пазарно стопанство и граѓански слободи.Сите резултати од стопанските промени, како што се приватизацијата, слободната иницијатива на граѓаните, накусо це­локупниот творечки деловен и де­мократски потенцијал е потиснат, а обезвредени се и запрени сите досегашни иницијативи на граѓаните.

ПУЛС: Сметате ли дека маке­донската политичка атмосфера е погодна за ескалирање на ситуацијата што вие ја опишавте?

Голубовски: Загрижува неот­порноста на Македонското демократско јадро кон овие веќе остварени појави на вонинституционално владеење, спротивно на Уставот, но и на моралот на граѓанското општество.Опасно е ако извршната власт наметне сваќање дека сите проблеми кои се во стопанст­вото произлегувваат од нечесните прет­приемачи, од приватните стопанст­веници, тогаш не е далеку денот кога на улица ќе излезат социајлно раздразнет­ите маси и наместо решението да се бара во воспоставување на новото граѓанско општество тие својот гнев ќе го истурат врз приватниот сектор, и врз сите оние кои сега одделни партии и вла­ста ги прогласуваат за виновници!

ПУЛС: И повторно стигнуваме до новите избори.Што понатаму?

Голубовски: Излезната де­мократска солуција претпоставува повторно враќање на моќта на Пар­ламентот.Тоа подразбира нови избори веднаш ! Тоа ќе овозможи повторно афирмирање и подржување на човековите слободи и права, слободната иницијатива, сопственоста и изградба на правна држава и повторно враќање на сигурноста на граѓаните во уверувањето дека минатото е зад нас и дека тоа е нелегитимно.Темелна вредност на граѓанското општество е слободната иницијатива.Државата ги пропишува само рамките во кои таа се одвива, се друго е допуштено. Социјалната држава ќе го зафати делот за социјалните пот­реби, а се друго е недопирливо и е во сверата на слободата и неприкосно­веноста на приватната сопстваност.Во ова општество изреченото јавно об­винение без покритие е најголемиот злостор против демократијата.Во де­мократското општество за оние кои работат против законот не се водат политички кампањи, не се застрашуваат, туку кон нив се превземаат пропишаните законски мерки од страна на независните судски органи.

Во оваа смисла неопходно е политичката активност да се насочи кон реафирмацијата на демократијата во Македонија, слободата на стопанската иницијатива, законитоста, оствару­вањето на човековите права, поткрепа на иницијативата на претприемништвото на сите оние кои извршуваат стопанска активност, без разлика на видот на соп­ственоста на средствата со кои стопан­исуваат.При тоа мерило мора да биде обемот на остварените човекови сло­боди и права, обемот на профитот и ус­пешноста во работењето.Истовремено Владата и државната управа треба да се насочат кон извршување на нивните ус­тавни и законски надлежности, а поли­тичката сфера да ја препуштат на Пар­ламентот, политичките партии и другите облици на демократско живеење на граѓаните.

ПУЛС: Сето ова подразбира и конкретна партиска одговорност?

Голубовски: Впечатокот е, во контекст на така изразената политичка оценка, дека во Македонија нема докрај сериозни и одговорни политичките сили, зашто денешните актери, и покрај тоа што некои прашања ги покренуваат, не ги изведуваат докрај.

Според тоа не се работи за една генерална ревизија, впрочем и партиите што се на власт се за промена на систе­мот, за тоа постои консензус, но прашање е како и колку ги вршиме тие промени! Смислата на политичкото ор­ганизирање и новиот квалитет ќе бидат постигнати ако во Парламентот седнат граѓански партии, но не со нивните се­гашни структури.

ПУЛС: Значи, вие ја вбројувате и вашата партија во редот на граѓанските.Можеби се лажам, но во минатиот период ВМРО-ДП имаше изразена национална определба.Се работи ли за промена на партискиот курс на ВМРО-ДП во поглед на граѓанското општество и малцинст­вата?

ГОЛУБОВСКИ : (ИЗВАДЕНО ОКОЛУ СЛИКА): АЛБАНЦИТЕ СЕКОГАШ НИВНАТА МОЌ ЈА ЦРПЕА ОД БРО­ЈНОСТА НА СВО­ЈАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО ПОРАНЕШНА ЈУГО­СЛАВИЈА, ТОГАШ БЕА ОКОЛУ ДВА МИЛ­ИОНА! СЕГА ВО РАМКИТЕ НА МАКЕ­ДОНИЈА, НИВНАТА ДИМЕНЗИЈА Е ДРУГА! ТИЕ СЕ СВЕСНИ ЗА ТОА.НО, НЕМАЈЌИ ПРИЛАГОДЕНА СТРАТЕГИЈА СЕ ОДНЕСУ­ВААТ ИРА­ЦИОНАЛНО И СМЕШНО.

Голубовски: Нашата партија која со своите ставови по одделни прашања и сега коинцидира со сегашните владеачки партии, ги потенцираше решенијата од аспект на националната држава, за кои СДСМ и ЛП дури сега, задоцнето, дојдоа до вакви сознанија, а кои доскоро живееа во една илузија, па небулозно го сваќаа граѓанскиот кон­цепт, неидентификувајќи го и државотворниот национален интерес на Македонскиот народ.

Тоа е анахронизмот, тие не сва­тија или дури сега прифаќаат дека Маке­донија е национална држава на Маке­донскиот народ, но државното уреду­вање мора да биде граѓанско. За една современа Македонија, граѓанското уре­дување требе да се подразбира и не е неопходно да се нагласува, но мораме, бидејќи на таа основа сега имаме ретро­градни процеси во Маке­донија.Малцинските партии, токму со еден изразен национализам, се спротивставуваат на еден европски модел на Македонскта држава. Тие тежиштето го поставуваат на колек­тивитети, на издвојување од граѓанското ткиво на Македонија со создавање на различни локални и други бариери, бараат федерализација на Македонија, за разлика од хомогенизацијата која ја претпоставува граѓанското општество.Јас и мојата партија не им ги спориме на граѓаните со немакедонско етничко потекло малцинските права, но кога тие нивните права ги поместуваат во репер како белег за државност тоа не можеме да го прифатиме! Останатите Македонски партии на ова се слепи, од таму и привидноста дека создавам ан­тиалбанско расположение ! Тоа не е тoчно, се работи за неприфаќање на ал­банскиот национализам, сепаратизам и сецесионизам!

ПУЛС: Како ја проценувате опасноста од албанскиот национали­зам?

Голубовски: Убеден сум дека границите кои во моментот објективно ја штитат Македонската држава, набрзо ќе ја разбијат илузијата на албанските на­ционалисти, сепаратисти и сецесионисти за “голема Албанија”! Верувам дека таа идеа ќе доживее слом.Впрочем, и ак­туелните антагонизми меѓу Грција и Ал­банија, до што доведоа? До барање на реципороцитет на секоја Балканска држава една спрема друга! Ако во почетокот ПДП и НДП се декларираа само како граѓански партии, подоцна ги открија картите.А во меѓувреме јас спрема вашите оценки, оценките на новинарите, настапував екстремно.Се работи за задоцнето сознание на оние што ме критикуваа, сега и тие дојдоа на истото становиште.Што значи фактот дека сега и престседателот на Репуб­ликата како државна политка го афир­мира мојот став, ставот на ВМРО-ДП за единствен модел на малцинските права на Балканот !

Примерот со бојкотот на пописот ја покажува нивната паника дека пред светската јавност ќе се разобличат во лагата за нивната бројност во Македони­ја.

ПУЛС: Очигледно сте очекувале од Албанците да бидат исклучок во настаните кои се во тек на балкан­ските простори

Голубовски: Очекував припад­ниците на албанското малцинство да се спротивстават на раководењето од над­ворешен центар, дека конечно тие ќе заживеат како лојални граѓани на Маке­донија, со што се подразбира нивното целосно право да го изразуваат своето националното чувство!

Очекував по осамостојувањето на Македонија да започнат да размислу­ваат автономно, но нивните потези тоа го демантираат! Што ќе рече Бериша или Ругова, го велат и тие! Земете го и примерот на изјавата на еден од водечките албански интелектуалци на Косово, Реџеп Чосја кој најотворено ја потврдува стратегијата на албанското малцинство на просторите од поранешна Југославија за “голема Албанија”.Истите тези ги застапува и Халили.На тој начин веќе по којзнае кој пат се потврдува и врската на косовската алтернатива со партиите на албанското малцинство овде во Македонија и координацијата од страна од центарот во Тирана.Тие сметаат дека овие простори се албан­ски, дека ние сме дојденци !? Тоа е нивната теза, тие тоа последниве денови постојано го нагласуваат во своите соопштенија и конференции за печат.Бараат државотворност на албан­ското малцинство за потоа да извршат анексија! Ако реагирањето на ваквите тези е национализам, тогаш јас сум на­ционалист!

ПУЛС: Каков е вашиот однос кон сегашната власт?

Голубовски: Како претседател на опозициона партија норамално е Владата да не ја подржувам, но кога таа предлага иницијативи од општ на­циона;лен интерес ќе ја подржувам како што тоа и сега беше со Законот за трансформацијата на опшествениот капитал! Меѓутоа, сакам да истакнам дека оваа Влада е Влада на политичко - идеолошки компромиси, таа ја одразува политичката немоќ на Македонија.Што се однесува до Парламентот, неодамна за јавноста искажав став дека тој е неефикасен, во пракса повеќе прет­ставува политичка трибина наместо законодавно тело, дека повеќе служи како дебатен клуб за политички прес­метки.Но, и покрај ваквите оценки јас истиот не го гледам како главен и един­ствен виновник за она што се случува во македонскта држава.

Сметам дека удел во ваквата работа на Парламентот има и Претсе­дателот на Републиката кој го помести уште на почетокот во однос на другите институции, особено во однос на својата позиција, па сега дури и да не го кон­тролира, Парламентот е дестабилизиран и во вистинска агонија.Лекот веќе го спомнав: негово распуштање и распишување на предвремени избори. Односот на силите кој произлегува од квалитетот на Парламентот, Владата и политчките партии на претседателот на Републиката му овозможија да биде моќен претседател. А, прашање е сега колку таа немоќ на институциите ја употребува и злоупотребува.Тој во фор­мално правна смисла делува легално, но во политиката постои однос помеѓу из­вршната, законодавната и судската власт.Неспорен е придонесот на претсе­дателот за афирмација на меѓународната позиција на Македони­ја.Но тоа не се чувствува на внатрешен план! Тоа има врска со доследноста за промените во транзицијата.Сите во политиката се однесуваат оптимално, сите бегаат од непопуларни идеи, се уште владее болшевизмот! Целата одговорност за работата на претседате­лот ќе падне на СДСМ, тој е од нивните редови! Инаку интересна е и самата позиција на претседателот во својата партија.Внатрешниот однос на силите е дебалансиран па неговата преголема моќ влијае на кадровските и на другите состојби кои заради позицијата на СДСМ ќе имаат и пошироко значење во Македонија.Од тука и конфликтот во партијата и кадровските раслојувања.

ПУЛС: Очигледно не можеме да ја избегнеме последната хит тема - изборите и политичката поларизација?

Голубовски: На претхоните избори се беше неизвесно, секој можеше да нуди сешто и да се декларира за се! На новите избори многу јасно ќе можеме да покажеме со прст на оние партии кои ветија, а не остварија! Ветија, а отстапија! О#чекувам во Маке­донија во наредниот период политички да бидат спротивставени две опции, соци­јалдемократската и граѓанската! Требе да се навикнеме на таа биполарност!

ПУЛС: Ако вашата опција е граѓанска, која е, тогаш, социјалде­мократската?

Голубовски: Под неа го по­дразбирам она што и методолошки е де­финирано во политичките науки, но кога веќе ме прашувате ќе ви одговорам од друг аспект. Околу таа опција природно ќе се соберат сите учесници во старата политика кои имаат стекнато материјал­ни и статусни привелегии, како и оние кои веруваат дека ќе го погодат резулта­тот на наредните избори!

ПУЛС: Но, по одредени прашања ја прокламирате потребата од национален консензус и национално единство?

Голубовски: Ние мораме да изградиме одредена стратегија на Маке­донската држава.Потребата да се зборува за национално единство произлегува од немоќта Република Македонија да функционира како правна држава, од отстапките кои македонската левица ги прави спрема албанското мал­цинство со што ја плаќа цената на неприродната коалиција. Грижата за дражавата, за националните приоритети, тоа е таа потреба.Потребата за заштита на националниот јазик, на националната култура.А сето тоа, таа потреба уште повеќе се потенцира поради немање на национална стратегија. Национално ед­инство е потребно за оние прашања кои се однесуваат само на Македонците! На пример, прашањето на Семакедонскиот Светски Конгрес е прашање за на­ционално единство. Инаку, кога збору­ваме за национално единство, всушност станува збор за потребата од национ­ален консензус за одделни прашања!

ПУЛС: Како мислите да се создаде единство околу светските македонски конгреси, на пример?

Голубовски: Лично ја подржувам идеата за Македонски Конгрес како се­македонска асоцијација, во основа ло­бистичка, за подршка на Македонската меѓународна позиција, и како институци­ја која статистички и комуникациски ќе ги подржува напорите на Република Македонија во операционализација на декларираната грижа за Македонците во соседните држави и во светот.Поради тоа ние минатата година го поздравивме Основачкиот Конгрес на Битов го поздравивме како идеа, но оштро реаги­равме на фактот што претседателот на Републиката во подготовката и осно­вањето ги вклучи само левоориентиран­ите партии.Тогаш укажавме дека одговорноста за новите поделби, за но­вите македонски конгреси ќе падне на оние кои вешто манипулираат со ви­соките македонски национални ин­тереси, како и на фактот дека ниедна илузија не може да се одржува долго, но последиците долгорочно ќе ги погодат македонските стратешки национални интереси.А во контекст на тоа го искажавме и нашето сомневање во вис­тинските цели на тој Конгрес.Во однос на расправата по ова прашање во Пар­ламентот, укажав дека таа не смее да има за цел спречување на граѓанското организирање, предвидено и регулирано со Уставот и соодветните закони на Ре­публика Македонија.

Целта на расправата ќе биде постигната ако Република Македонија изнајде една посоодветна формула која нема да не дели, а Македонците од ди­јаспората да не ги доведува во ситуација да бидат нелојални граѓани во земјите во кои живеат.Расправата не смее да се свати како пресметка со некого, или како дистанцирање од македонското иселеништво! Ние на поделбата на Македонците во светот им ја спротивставуваме идеата за патриоти­зам, лојалност и солидарност на сите Македонци околу својата национална држава, зато и ги повикавме сите Маке­донци преку Собранието на Република Македонија, како семакедонски Пар­ламент на сите Македонци, преку Мати­цата на иселениците на Македонија, како и преку сите други партиски и граѓански Здруженија во кои се орган­изирани, да ги изразуваат своите различни политички и социјални ин­тереси и да дадат придонес во градењето на државната политика.

ПУЛС: Големи беа контравер­зите околу формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, а вие бевте директен учесник во тие настани.Каков е вашиот комен­тар?

Голубовски: Да се разбереме, не е спорно дека оние луѓе на кои што вие им дадовте простор во вашиот весник да се искажуваат околу основањето на ВМРО-ДПМНЕ, исто така на свој начин застапувале некоја своја идеја за Маке­донија, живееле за таква идеја! На сите нив историјата ќе им го определи ме­стото. Сите тие кои сакаа, а не успеаа да ни се наметнат, сега се прогласуваат дека се нејзини идејни основачи, но во суштина претендираат да си дадат пого­лемо значење од она што го имаа.Меѓутоа, што се однесува на осно­вањето на политичката партија ВМРО, односно ВМРО-ДПМНЕ во интерес на вистината ќе укажам на некои факти.

Идејниот основач на ДПМНЕ е Драган Богдановски, и токму тоа е вис­тината, сите оние кои се јавуваа во “Пулс” се личности кои заедно со него членувале во разни македонски органи­зации во Европа, но немаат никаква вр­ска со идеата за основање на автохто­ната национално ориентирана политичка партија ВМРО! Дури и почитуваниот ис­торичар И.Катарџиев некритички ги при­фатил разните “сведоштва” и не ја зел во предвид вистината за двете партии кои својата промоција пред јавноста како една, како ВМРО-ДПМНЕ ја имаа непос­редно пред Основачкото Собрание во јуни 1990 година, откако беше остварена средбата во Минхен! Постојат сведоци, меѓу нив и еден политиколог со кого правев консулатации за новата поли­тичка партија (во тоа време бев член на МААК), неколку месеци пред обелодену­вањето на ДПМНЕ во “Млад Борец”. Се согласив ВМРО како политичка партија да ја споиме со ДПМНЕ од потребата за единство со дијаспората, особено заради некои околности кои според проценките на условите (Македонија се уште беше во состав на поранешна Ју­гославија) мораа да се земат предвид!

Значи идеата за возобновување на ВМРО како политичка партија е авто­хтона и потекнува од овде, од Македони­ја, а не е иницирана од дијаспората како што одредени нејзини кругови шпекулираат со разни измислици! А ок­олу тоа зошто се согласив претседател­ското место да му го препуштам на друг, за игрите на одредени кругови од ди­јаспората, за Македонскиот национален фронт, за настојувањето во стилот на антибирократската (јогурт) револуција да се уриваат некои Македонски инсти­туции, за улогата на македонската леви­ца и СДБ, за кариеристите кои пристапи­ја во партијата по изборниот успех пред јавноста ќе излезам во блиска иднина.

ПУЛС: Во контекст на македон­ските политички партии, интелигенци­јата како се уште да не може поли­тички да се артикулира ...

Голубовски: Партиите сакаат ин­телигенцијата да ја стават под ист образец како што ја третираше и соци­јализмот во еднопартискиот ситем.А спрема тој образец од неа се бараше лојалност.Ние, конечно, мораме да се навикнеме дека во граѓанското општество интелигенцијата е изразито автономен субјект.Таа на одреден начин требе да биде мисловна критичка свест.Таа сама ќе се сместува, ќе се сегментира по партиите. Но, одредени вредности мора да и бидат заеднички или нема да биде интелигенција. Од таму не е одговорноста на интелегенци­јата таква каква што и ја наметнуваат партиите, туку обратно, одговрноста е на политичките партии кои не претставу­ваат прифатлив амбиент за нејзино присуството. Што значат скромните лис­ти кои водечките партии така помпезно јавно ги промовираа,ништо друго, освен што укажуваат на длабоката криза во нивните редови!

Токму од тој аспект нашите сим­патизери од редовите на интелигенцијата со која контактираме не ги избрзуваме политички да се експонираат.Нашиот пристап е поинаков и ние не сакаме да ги инволираме без неопходна пот­реба.Граѓанските партии не се масовни, тие се собираат за време на изборите. Секако кога се зборува за Македон­ската интелигенција, не може да се зао­биколи Универзитетот.Тој е врв на мис­ловните луѓе, она што го нарекуваме ин­телигенција, но универзитетот не може творечки, мисловно да биде сервис на една држава, на владеачките партии.Тој требе да ги следи светските текови, да ги нуди да ги обмислува, да едуцира сло­бодни личности.

ПУЛС: Каков е вашиот став кон средтсвата за јавно информирање?

Голубовски: Членови и симпа­тизери на нашата партија се почесто не прашуваат зошто на контактните про­грами на МР, МТВ и А1 не е присутно и ВМРО-ДП покрај учеството на други политички партии, зошто за актуелни настани средствата за јавно информи­рање не земаат изјави и од нашите членови, а нашата партија не е наведена во прашалниците на разни анкети! Еви­дентно дека ВМРО-ДП се попречува во нејзините легитимни и легални права рамноправно да учествува во поли­тичкиот живот на државата.

ПУЛС: Од каде таков однос спрема ВМРО-ДП?

Голубовски: Оние кои посакуваат да го моделираат јавното мнение знаат дека ВМРО-ДП во таквите настапи ќе биде супериорна во однос на другите во сериозноста на концептот за иднината на Република Македонија, во докажувањето на високиот степен на политичка доследност на сите свои искажувања, а особено за политичките противници би било непријатно јавноста да свати дека ВМРО-ДП во поглед на афирмацијата на вистинските вредности на граѓанското општество отиде на­јдалеку !

ПУЛС: Дали таквото однесу­вање има исклучиво политичка позадина?

Голубовски: Во најголем дел да, иако во еден помал дел таквото однесу­вање произлегува од професионалното умеење на одделни уредници и новинари. Но, таквите настојувања против нашата партија не ја постигнуваат целта, парти­јата е се попопуларна меѓу народот и ние влегуваме со забележлива политичка иницијатива во предизборната агитација !

ПУЛС: Дали нашата опозиција е оформена како вистинска парламен­тарна опозиција?

Голубовски: Претендирањето за таква опозиција мора да биде подржано со препознатливо однесување кое ќе ги почитува политичките прин­ципи.Опозиција значи јасно определена и дефинирана алтернатива, а не само критика! Но, проблемот е во тоа што тоа претпоставува да знаеш колку што знае предлагачот и уште толку! Од тоа може да се констатира дека во основа немаме опозиција! Затоа и се случува за Закони кои се вообичаени, ние да го од­должуваме нивното донесување и со тоа да го спречуваме конституирањето на државата! Во Англија, на пример, нема голема разлика во законите од една влада до друга, тие се стабилни, тие се натпреваруваат кој ќе направи подобра програма и кој треба да успее во утврде­ните правила на игра! Тоа е демокра­тија.Да знаеш да играш на демократ­ските правила.Но, сега во Македонија треба тие правила да ги воспоставиме сите заедно! А тоа не го правиме !

Тоа е и хендикепот за демократ­скиот развој на Македонија.Странските партии, и Влади, особено на Запад се уште за жал, не можат да препознаат граѓанска конструктивна опозиција како партнер, а што би претставувало голема подршка за македонската демократија.

ПУЛС: Македонија не функ­ционира во целост како правна држава! Кои се причините?

Голубовски: Се определивме за парламентарна власт заснована на принципот на нејзина поделба на законодавна, извршна и судска.Но, Законот за судовите ни по три години од конституирањето на Собранието на Ре­публика Македонија не е донесен.Со премногу долгото оддолжување се создава чувство на исчекување кај оние кои во судската власт се професионално вклучени, бидејќи со Законот ќе следат организациони и кадровски промени.На тој начин оние кои се во позиција на вла­ста ги манипулираат луѓето. Еден голем дел на судии поради тоа ги напуштија судовите, а од друга страна во последно време имаме повеќе случаи на уапсени судии поради примање на мито.Во основа тоа се последици од владеењето на првата Влада која не го свати ре­доследот на потезите.Таа наместо да ја постави правната основа на македонск­та држава приоритет му даде на донесу­вањето на новиот Устав, се изгубија 6-7 месеци при што се пропуштија воо­бичаените прилагодувања на постојниот правен поредок за да може тој да функ­ционира.Новата Влада, исто така доцни по ова прашање, но сега од причина што таа е составена од неприродни коали­циони партнери, со против речни ин­тереси, па од тие причини доаѓа до злоу­потреба на уставната процедура која што за донесувањето на овој Закон предвидува двотретинско мнозинство, што некои од коалиционите партнери, но, и опозицијата го користат за услову­вање и практично го блокираат донесу­вањето на Законот.

ПУЛС: Неодамна слушнавме од еден член на ВМРО-ДПМНЕ, дека осамостојувањето на Македонија и нејзиното прифаќање како самостојна држава било заслуга на ВМРО-ДПМНЕ.Што мислите вие ? Кој ја осамостои Македонија ?

Голубовски: Македонскиот народ со својата цврста и непоколеблива желба да го оствари вековниот идеал за своја суверена и самостојна држава. Лево ориентираните партии, но и некои национално ориентирани ја бранеа Југо­славија и беа за федерација.И нормално тие беа против оние кои беа автономисти и таа спротивставеност постоеше.Сосем разбирливо беше во тој историски мо­мент кога тие две идеи се судираа да се оформат во политички партии на разно­мисленици. По осамостојувањето на Македонија дури и во левицата победи ориентацијата за самостојна Македони­ја.Причината за антагонизмот веќе не постои. Затоа денес е смешно да се нат­преваруваме пред Македонците кој е поголем Македонец и да се дисквали­фикуваме како Македонци по идеолошка подлога. Што има врска комунизмот или капитализмот со Македонија, како идеја, во однос на државотворниот аспек­т.Дали самите ќе одиме на линија на оние кои тврдат дека Македонија е комунистичка творба ? Друго прашање е како таа ќе биде уредувана.

ПУЛС: Каков е односот на ВМ­РО-ДП кон македонската левица може да се насети од вашето кажување, но сепак, генерално одредете се кон најновите обиди кај некои “национални” дејци да ја омаловажат улогата на левицата во ововековната историја на Македонија ?

Голубовски: Ние прифаќаме една објективност: во Македонија мора да има леви партии, но тие требе да го респек­тираат Уставот, да бидат со идеите на левите партии од Европа. Тие во таков случај како политичка конкуренција ќе преставуваат предизвик и самите поквалитетно да ги осмислиме нашите граѓански концепции. Критиките кон левите партии требе да бидат насочени во укажувањето колку и каде има ре­цидиви на болшевизмот, а колку искрено тие се проебразени во левица од европ­ски тип.Тогаш ќе постои и платформа за критика!