http://vmro-dp.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/257746slika2.jpg http://vmro-dp.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/549715MAK031.jpg http://vmro-dp.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/409372only_one_name_200_1.jpg http://vmro-dp.org.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/301123slika.jpg
# /index.php?option=com_content&view=article&id=0&Itemid=51 /index.php?option=com_content&view=article&id=43&Itemid=43 #
ВМРО - Демократска партија - официјален портал
Напишано од Administrator    Петок, 27 Мај 2016 17:45    PDF Печати Е-пошта

НЕ ТЕХНИЧКА, ТУКУ ВЛАДА НА ПРЕТХОДНО ДОГОВОРЕНА ПОСТИЗБОРНА ШИРОКА КОАЛИЦИЈА!

ВМРО-ДП смета, дека влада на претходно договорена, постизборна широка коалиција, а не техничка влада, е единствено решение за излез и понатамошна консолидација од политичката криза.

Влада во која партиципацијата на секоја од 4-те политички партии одделно ќе се одреди преку изборниот резултат на следните избори, и која ќе биде одраз на политичката волја на граѓаните, и затоа нема да биде октроирана, туку легитимна.

Повеќе... Последно освежено ( Петок, 27 Мај 2016 17:58 )
 
PDF Печати Е-пошта

ДО КОГА ГЛАВАТА ВО ПЕСОК ?

/Реагирање на ВМРО-ДП на обидот на Ричард Ховит да и наметне двојазичност на Македонија. Овој текст е доставен до сите електронски и пишани медиуми во државата, но не е објавен на ниту еден ! /

Стана вообичаено сите оние кои сами ги промовиравме во пријатели на Македонија во одлучувачкиот момент да се разоткриваат како експоненти на нашите соседи во антимакедонскиот заговор.

Оваа реалност како продукт на македонската политика, за жал ни се повтори и со големиот “пријател“на Македонија Ричард Ховит, кој со двата компромисни амандмани излезе надвор од мандатот  на политичките ингеренции, и во стил на администратор вчудоневидувачки арогантно Македонија која е суверена држава ја третира како протекторат.

Ваквото непристојно и омаловажувачко однесување претставува грубо мешање во внатрешните работи на РМ како суверена држава, и предизвикува сериозни сомненија за неговите мотиви.

 Ако евроатланстките интеграции водат кон состојби за Македонија, како во случајов со обидот на наметнување на двојазичност, забрана на патриотизмот, и други алатки кои Македонија како држава на Македонците треба да ја подготват за исчезнувањепред и да им се приклучи, последен момент е да се запрашаме дали ќе го прифатиме тоа?

Излезно решение е нашата кандидатура за ЕУ и НАТО самите да ја ставиме во мирување, зашто и двете структури во кои сакаме да се интегрираме се во драматична криза и пред распад.

Тоа подразбира одржување на Референдум и постапување како на Исланд за да си ги заштитиме државните и националните интереси.

 
PDF Печати Е-пошта

ДРЖАВНИОТ ВРВ ДА ГО КАЖЕ СВОЈОТ СТАВ ЗА ИЗЈАВАТА НА АХМЕТИ !

ВМРО-ДП бара од претседателот на државата и од премиерот на РМ, да му го соопштат својот став на македонскиот народ во однос на изјавата на Али Ахмети, дадена за време на прославата на десетгодишнината од првото појавување на македонската политичка сцена на партијата Демократска унија за интеграција.

Затоа што тој, повикувајќи се на крвта со која бил покриен патот кој ДУИ го гради денес, и во последните десет години, во изјавата со екстремен говор на меѓуетничка омраза исцрта карта на некоја нова географска творба од Куманово до Дебар, и која во Брисел ќе ги соединела сите Албанци, дека таа крв на која се повикува дури на 7 патти, се вее во нивното знаме од Липково до Струга !?

Повеќе...
 
PDF Печати Е-пошта

22.РОДЕНДЕН НА ВМРО-ДП

 22 ГОДИНИ ПОЛИТИЧКА СОВЕСТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !
 22 ГОДИНИ НА БРАНИКОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ !
 

ВМРО-ДП која е регистрирана на 4 фебруари 1991 година, и е една од најстарите политички партии на македонската политичка сцена денес го прославува својот 22. роденден.

Го одбележуваме својот 22-ри роденден  во околности кога нашето опкружување настојува Македонија од факт повторно да ја отвори како прашање, кога државата одвнатре се разградува од агресивното нелојално албанско малцинство, и кога енормната невработеност која е последица од криминалната приватизација го доведе нашиот народ во длабока социјална беда, заради што се разорува и основната клетка на нашето национално постоење – семејството.

Ние во ВМРО-ДП длабоко сочувствуваме со нашиот народ, впрочем нашето членство и нашите симпатизери се токму тој дел од македонскиот народ – жртвите на тешката транзиција која никако да заврши.
Во изминативе 22 години од своето постоење ја докажавме својата релевантност, значајно влијаевме врз македонската политика, и во оваа прилика потсетуваме само на дел од позначајните идеи кои беа прифатени, или ќе мораат да бидат прифатени, а се фундаментални и имаат свое стратешко значење за иднината на Македонија.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Buy Tadacip Onlineinstallment loans .